НОВА МИСТЕРИЈА: Германија и Чешка уриваат рекорди по ново заразени со корона вирусот

/ 17.11.2021

Германија вчера забележа 52.826 нови случаи на инфекција со Ковид-19 во последните 24 часа, што е најголем дневен број на нови инфекции од почетокот на пандемијата. Според друг извор, бројот на откриени позитивни е 53 627 лица.

Има 13.150 случаи повеќе од истиот ден минатата недела, пишува ДВ.

Уште 294 лица починале, а бројот на починати од Ковид-19 во земјата се искачил на 98.274.

И покрај високата стапка на инфекција, бројот на смртни случаи е сè уште помал од оној во декември 2020 година, најмногу поради фактот што околу две третини од населението се вакцинирани.

Денеска, бројот на пријавени заразени до попладенвните часови е 22 383 лица и 112 починати.

Според податоците од пред два дена, Германија им 68 отсто вакцинирано население или 56,3 милиони лица од 84 милиони жители. Германија има и околу 14 милиони деца до 18 години.

Рекорди урива и Чешка. Денеска Чешка пријави 22.479 нови случаи, што е најголем број во земјата од 10,7 милиони жители од почетокот на пандемијата. Бројот на починати кој досега во денешниот ден е пријавен е 27, а вчера 84 лица.

Овој дневен скок е зголемување од 54 проценти во однос на состојбата од пред недела дена и го надмина претходниот јануарски рекорд од 17.778 заразени во еден ден. Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) минатата недела предупреди дека Чешка е меѓу десетте европски држави каде ситуацијата е многу загрижувачка. Земјата целосно вакцинирала 57,6 отсто од населението.

Загрижувачка е си состобата со Холандија која два дена по ред бележи над 20 000 позитивни. Холандија има 16 милиони жители, a 72,1 отсто вакцинира. Ако се сеќавате, до пред неколку месеци тезата беше дека со 70-тина отсто вакцинирани ќе се достигне групен имунитет, па Холандија веќе би требало да е земја без корона вирусот, но очогледно тезата беше лажна.

Бројките на инфицирани растат и во Австрија и Словачка.

Наспроти тоа што вниманието на јавноста во светот главно беше свртена кон Израел, се чини најинтересна за опсервација е ситуацијата со Португалија, која има 85 отсто вакцинирано население од 10-те милиони жители и е на челното место во светот. Земјата со деновиве бележи нешто над 1 000 нови позитивни, но и само 8-9 смртни случаи.

Светската здравствена организација (СЗО) претходно соопшти дека бројот на заразени се зголемува во Европа, додека во другите делови на светот се намалува.


Од истата категорија