Зоран Заев попладнево изјави дека разговорите со Алтернатива продожуваат идната недела.
Заев вели дека одлуките се носат на органите и телата на партијата. Тој денеска се сретна со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
„Се отворија неколку проблематики, затоа останува за време на викендот, да размислиме“, рече Заев.
Тој вели дека не е време за избори, и дека е чесно да се остават 2 и пол години да се работи. Заев рече дека сите треба да мислиме на европската иднина на Македонија.
Гаши рече дека сакале да го видат концептот на Заев, и кои би биле следните чекори во евроинтеграцијата. Тој кажа дека внатре во партијата ќе разговараат што понатаму. Ќе водат сметка за интересот на граѓаните, државата, Албанците, и за партијата.
„Јас сум убеден дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за граѓаните, државата, за нас“, изјави Гаши.
Вели дека тие сакаат да видат каде ќе биде Алтернатива во мнозинството, која ќе биде улогата, дали ќе можат да помогнат во евроинтеграциите.
Накратко, ова с еизјавите на двајцата лидери по нивната средба. очигледно е дека никаков договор не е постигнат, иако тоа беше најавувано, па дури и дека Заев ќе го објави новиот мандатар.
Фактот што Заев како клучна причина за сојуз со Алтернатива наведе дека не требало сега да бидеме без влада со стабилно мнозинство (нешто што е мошне чест случај во земјите во ЕУ) и што нема никаква врска со блокадата од Бугарија, покажува дека средбата всушност пропаднала. Дополнително, Заев се обиде да „фрли јадица“ со потребата од економски развој на некои региони со мнпзинско албанско населнеи, како липково, покажува дека на средбата имало 2ја тебе војводо, ти мене средаре“, односно многу насмевки и тапкање по рамо, но никаков договор.
Дополнително, во прилог на ова оди и тоа што Гаши постави равенство меѓу оваа средба и неговата средба со Зијадин Села и комуникцијата со Мицкоски, иако ја остави отворена вратата за следните разговори.
Претходно, порталот InfoShqip од сопствени блиски извори дека средбата почнала тензично, дека заев имал нереални барања, а Гаши посочил дека ако тој ја гледа Алтернатива само низ призмата на бројката 4 (четири пратеници), нема потреба да се продолжуваат разговорите.