Најмалку три лица загинаа, а најмалку две се повредени во пукање во автобус со ученици во селото Глоѓане кај Дечани, јавуваат медиумите во Приштина.
Како што потврдија за медиумите во болницата во Пеќ, во престрелката настрадале двајца ученици и возачот на автобусот. Наведено и дека се уште не е познат точниот број на повредени, бидејќи брзата помош постојано ги носи од Дечани во Пеќ.
Полицијата се уште не ги потврдила овие наводи, но во првиот устен извештај за медиумите оттаму изјавиле дека се повредени две лица.
„Според информациите со кои располагаме, се сомнева дека имало пукање во правец на автобусот и дека две лица се повредени“, соопштија од полицијата во Пеќ.
На местото на настанот е дежурниот обвинител, а повеќе за овој инцидент ќе се знае по завршување на истрагата.
Во меѓувреме, идентификувани се жртвите.
Загинал возачот Џани Ѓокај, ученичка на 17 години и момче на 18 години со иницијали Л.Н и Г.М. како и кондуктерот во автобусот чие име не е соопштено.
Белградски Новости пишуваат дека станува збор за три жртви – возачот и двајцата ученици. Возачот загинал на лице место, додека учениците починале во болница.
Врз автобусот било пукано од калашников од страна на маскирани лица.