Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вели дека целта е целосно да се вакцинира 70 отсто од светското население до средината на 2022 година.
– Ќе ја контролираме пандемијата само ако се бориме против неа во секој дел од светот, нагласи таа и додаде дека во овој момент 44 отсто од светското население е вакцинирано, најмногу со вакцини кои се донирани или извезени од ЕУ.
Фон дер Лајен истакна дека ЕУ е најголемиот донатор на вакцини досега – 350 милиони дози дистрибуирани ширум светот.
– Вклучуваме 300 милиони дози дадени преку механизмот Ковакс и над 45 милиони дози донирани билатерално од земјите членки, пред се за земјите од регионот како што е Западен Балкан, рече Фон дер Лајен.