При ваква состојба во здравството, во време на пандемија, несериозно е да се менува актуелниот министер за здравство Венко Филипче, смета проф. д-р Никола Пановски.

Пановски, кој беше гостин во утринската програма на ТВ Телма, рече дека во Македонија има нереални бројки на заразени со коронавирусот.

– Младите не се тестираат и користат фалсификат сертификати, па се добиваат нереални бројки во однос на позитивните, смета Пановски.

Тој додаде дека во време на пандемијата сите треба да се лекуваат во јавното здравство, без оглед на тоа дали се или не осигуреници на Фондот за здравствено осигурување.

Како што веќе објавивме премиерот во заминување Зоран Заев вчера на заедничката прес-конференција со Африм Гаши од Алтернатива за Филипче кажа дека повеќе нема да биде на таа функција, но рече дека „ќе има повеќе време за дружење со него“.

– Сега министерот за здравство Венко Филипче ќе има повеќе време да ми биде другар, кога работите немате многу време за дружење. Летоска имавте можност да не фатите како возиме мотори. Ако новите кадри и новиот мандатар не сметаат на него, јас сметам во мојот приватен живот и моите планови со Филипче, рече вчера Заев.

Видеото од гостувањето на Пановски во ТВ Телма може да го отворите ТУКА.