Владата на вчерашната седница го дополнила Протоколот за организирање на настани со медиумско присуство, со измени кои се однесуваат за следење на настани на отворено и затворено од страна на новинарите, медиумите и медиумските работници.

Измените се однесуваат на следењето на настани од страна на новинарите и медиумските работници.

Задолжително е поседување на ковид сертификат за примени две дози на вакцини или потврда за прележан ковид не постар од 45 дена од денот на прележувањето, соопшти владиниот портпарол Мухамет Хоџа.