Ковачевски и официјално е нов мандатар на идната Влада

/ 27.12.2021

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на социјалните мрежа Фејсбук ја информираше јавноста дека на вечераниот ЦО на СДСМ ја добил довербата да биде мандатар на идната Влада.

– За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на иднаата Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работа за да ја оправдам довербата.
Продолжуваме со седницата на ЦО за избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ.
СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отоврена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности, пишува Ковачевски.


Од истата категорија