СДСМ лани парите на скопјани ги трошеше за скапи журки без тендери, ДКСК и ЈО да отворат случај, се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чие соопштение го објавуваме во целост:

Петре Шилегов лани потрошил над 250 илјади евра, од кои 154 илјади директно од градскиот буџет, без да распише јавна набавка, туку спровел јавен оглас за организирање на новогодишна забава.

Шилегов и градската управа од СДСМ спротивно на закон преку МКЦ ги злоупотребиле парите на скопјани.

Прекршени се низа законски акти. ДКСК да постапи согласно закон и да отвори постапка против Шилегов. Очекуваме и ЈО да работи по принципот на владеење на правото и да се спроведе целосна истрага.

Мора да има одговорност за неодговорното трошење на градските пари.

Центар за комуникации со јавноста