Леброн го менува Џордан во продолжението на „Space Jam”

/ 20.09.2018

Американскиот кошаркар Леброн Џејмс ги засили Л.А. Лејкерс годинава, а веќе ја доби и својата прва филмска улога.

Играчот тргна по стапките на легендарниот Мајкл Џордан и ќе има главна улога во продолжението на филмот „Space Jam“. Режисер ќе биде Рајан Куглер.

Долгоочекуваното продолжение на филмот од 1996 година, во кој настапуваа Мајкл Џордан, Бил Мареј и низа ликови од цртаните филмови како Душко Долгоушко, Пајо Паторот и мачката Силвестер, сега е во фаза на претпродукција, а снимањето треба да започне во 2019 година, пишува „Холивуд репортер“.

– Соработката значи многу повеќе од мене и цртани ликови во еден филм. Сакам децата да разберат колку супериорно можат да се чувствуваат ако едноставно не се откажат од своите соништа, рече по тој повод Леброн Џејмс.


Од истата категорија