Драган КОВАЧКИ

Поврзано со изјавата на министерот Славјанка Петровска, мислам дека е несмасна и непотребна.

Мене како пратеник, не ми е познато дека НАТО има донесено одлука за воени дејства во Украина, за да се даваат изјави од типот “АРМ е во координација за генерирање на сили” итн.

Тоа се прашања што задираат во оперативната безбедност.

Нашата држава треба да дава поддршка на дипломатско решавање на проблемите, а не на сила. Во тој конктекст треба да се држиме до принципот на непроменливост на границите.

Доколку министерката Славјанка сака во овие моменти да се најде корисна за Владата и Министерството за одбрана, еве и 3 совети:

1. Нека го подобри рејтингот и воената моќ на Македонија. Во време на СДСМ паднавме за 12 места и сега сме на 134 место.

2. Нека го советува министерот за надворешни, Бујар Османи, кој деновиве решава прашања што се надвор од негова надлежност и за кои нема никаков легитимитет, наместо да распродава тоа што не е негово, да седнат и да направат проценки дали треба да се вратат нашите државјани од кризните жаришта.

3. Веднаш до Пендаровски да номинира највисок воен претставник во НАТО, затоа што таа позиција е празна 3 години. За потсетување, во 2020 Шекеринска имаше неуспешен обид, односно предложи кадар што Пендаровски го прифати, а НАТО го одби.