Истражниот тим во Бугарија кој спроведе истрага за несреќата на македонскиот автобус на „Беса транс“ на автопатот „Струма“Б, во која загинаа 45 луѓе. Заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов рече дека заклучокот на истражителите е дека возачот на автобусот, кој исто така загина, е виновен за несреќата, пренесува скопски Курир.

„Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И високата, да кажам несоодветна, но не над дозволената брзина“, изјави Сарафов, според Дневник.бг.

Обвинителот вели дека по ова, останува да бидат известени роднините на загинатите, кои имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата.

Автобусот на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември. Веднаш по ударот, автобусот се запали, а во страотниот пожар загинаа 45 луѓе, Само седуммина од патниците ја преживеаја несреќата.