НАТО не планира да испрати војници во Украина доколку Русија изврши инвазија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На прашањето дали би отфрлил евентуално распоредување војници во Украина, Столтенберг рече: „Немаме планови да распоредиме војници на НАТО во Украина. Се фокусираме на давање поддршка”.

„Постои разлика помеѓу тоа да се биде член на НАТО и да се биде силен и исклучително вреден партнер како Украина. Нема сомнеж во тоа”, рече Столтенберг