Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги помилува лицата обвинети за упадот на Капитол на 6 јануари минатата година, доколку повторно стане претседател во 2024 година.
Трамп го кажа ова на митинг во Конро, Тексас.
-Тоа е друга работа што ќе направиме и толку многу луѓе ме прашуваат, ако се кандидирам и победам, да бидам фер кон луѓето од 6 јануари, рече Трамп, по што доби аплауз на неговите поддржувачи на митингот.
-Ќе се однесуваме фер со нив. И ако е потребно помилување, ќе ги помилувам бидејќи се третирани толку неправедно, нагласи поранешниот американски претседател.