Српската пејачка Теа Таировиќ ја разлути македонската јавност откако го промени текстот на македонската песна „Македонско девојче“ во „Бугарско девојче“.
Како што објави порталот Њус 24, Таировиќ, која важи за многу популарна и во Македонија, каде постојано настапува во клубови и дискотеки, а колку Македонија е застапена на нејзиниот репертоар доволно покажува фактот што пејачката за Новогодишната ноќ настапуваше токму во нашата земја, ја разочара целокупната македонска јавност.
„Кралицата на бакшишот“ како што е позната во регионот, која само од еден настап може да заработи и неколку илјади евра, каде и да се појави прави одлична атмосфера пред се’ поради одличниот изглед и талентот за играње. На еден од последните свои настапи, Таировиќ предизвика скандал откако познатата македонска песна „Македонско девојче“ ја испеа со следните стихови:
-Нема поубаво девојче од Бугарче…
Видеото може да го отворите ТУКА.