Ценам дека час поскоро, ако се одговорни и ако мислат добро на граѓаните и на Македонија дека треба да седнеме на една лидерска средба, да ги договориме правилата на играта и да одиме на предвремени парламентарни избор, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5.
Мицкоски истакна дека следува катарза и во другите органи на партијата додавајќи дека добро е да има освежување и промени онаму каде што има слаби резултати укажувајќи дека потребно е континуирано да се подобруваат.
Ние повикавме на еден општ фронт, општествена поддршка, мобилизација на граѓаните, во тек се внатрешна лесна катарза во ВМРО-ДПМНЕ после локалните избори, определени би рекол кадровски поместувања, најпрво во Извршниот комитет, сега во другите органи на партијата ќе има во Општинските комитети, и цениме дека тоа е добро и здраво и покрај тоа што имавме историски резултати и во првиот и во вториот круг, добро е онаму каде што треба да има освежување да има освежување, онаму каде што има слаби резултати да се менува нештото, затоа што потребно е континуирано да се подобруваме, кажа Мицкоски.
Има неколку начини до предвремени парламентарни избори, да ја разработуваме стратегијата, институционална и вонинституционална. Ние ќе продолжиме и понатаму да правиме притисок и да бараме предвремени парламентарни избори затоа што ќе повторам дека тоа е добро за државата, рече Мицкоски.
На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ планира протести во наредниот период, Мицкоси потврдно одговори изјавувајќи дека она што е на анкетите како јавно мислење треба да се преслика и на терен
Да, планираме. Јас го најавувам во вашата емисија дека ќе повикаме на општествена поддршка затоа што тоа што го гледаме на анкетите како јавно мислење треба да се преслика и на терен, изјави Мицкоски.
Во врска со сработеното од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, тој изјави:
-Направивме многу повеќе од претходниците во четири години. Кога велам многу повеќе велам во проекти и во хигиената во општините и тоа во услови на потрошен буџет кога се планира нов буџет, нула проекти, многу долгови оставени од претходниците нивни. Но рековме дека за тоа нема да зборувам, ќе го обелодениме криминалот, па нека констатираат во Обвинителството дали тоа е криминал или не е, ние велиме не избра народот затоа што овие беа лоши, затоа ние треба да ја оправдаме сега довербата.
Мицкоски вели дека СДСМ се плаши од тоа што следи во наредниот период ќе ги обелоденат сите криминални скандали поврзани со претходните градоначалници, но и со реализација на проектите и програмите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Мислам дека СДСМ е исплашена од тоа што следи во делот на обелоденување на криминалот од претходните четири години и во делот на апликација на проекти и реализација на програмата на градоначалниците, порача Мицкоски.