Ефикасна, неселективна и бескомпромисна борба против секаков вид на криминал е наш врвен приоритет, истакна на денешната прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ.
Во продолжение го објавуваме интегрално текстот од прес-конференцијата:
Министерството за внатрешни работи продолжува да остварува одлични резултати во бескомпромисната борба со криминалот и сузбивањето на недозволеното производство и продажба на наркотици.
Македонската полиција, само за еден ден, во две големи акции, заплени 1 тон и 600 килограми наркотична дрога во вредност од 3,2 милиони евра.
Во периодот декември 2021, јануари 2022 и првите денови од месец февруари, вкупно се запленети се над два тона марихуана, над еден тон психотропни супстанци за производство на метформин со вредност од над 50 милиони евра, како и седум килограми хероин во вредност од 300.000 евра.
Овие податоци говорат за успешноста и ефикасноста на Министерството за внатрешни работи во борбата против трговијата со дрога и неселективна борба против секаков вид на криминал.
Министерството за внатрешни работи, со успешните реформи, повисоките плати, новата опрема и објекти, работи помотивирано и поефикасно.
Полицијата е вистински партнер на граѓаните.
Почитувани, врвен приоритет на СДСМ и институциите што ги предводи е ефикасна, неселективна и бескомпромисна борба против секаков вид на криминал.
Центар за односи со јавноста на СДСМ