Предлого законот на СДСМ за измени на Законот за наставниците, по кавгата во Собранието и прекинот на комисиската седница, предизвика лавини обвинувања преку пропагандата на СДСМ кон опозицијата дека го блокира зголемувањето на платите на наставниците.

Но, изгледа, вистината е поинаква од таа што се претставува преку СДСМ-овските медиуми на кои тие блиски до опозицијата не се способни да им париараат, а ја објаснува Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеник, ВМРО-ДПМНЕ:

„Денеска повторно СДСМ/ДУИ продолжуваат со лаги и манипулации, а за утре – сабота 19.02.2022г закажаа ново продолжение на лагите во Собрание.

Во Предлог законот за изменување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта постои дискриминирачки член кој ги навредува сите моментално вработени наставници во основните и средните училишта.

Со членот 25 од предлогот на овој Закон каде се регулира платата на наставниците постои селективност и тие се делат во две групи на вработени – до денот на влегување во сила на овој закон и втората НОВИТЕ ВРАБОТУВАЊА. Ветувањата дадени од СДСМ дека платите во образованието ќе се зголемат важи само за НОВИТЕ вработувања, а оние вработените ДО ДЕНОТ на влегување во сила на овој закон продолжуваат да им се исплаќа плата во висина утврдена ДО ДЕНОТ на влегување во сила на овој закон.

Дополнително, овие нови вработувања што планира владеачкото мнозинство да ги прават СЕ со цел што по масовни да бидат, но за жал и квалитетот ќе го сведат на дното- ако постои дно со СДСМ/ДУИ. Во овој предлог закон се предвидува првото вработување на наставниците да биде на неопределено и вториот момент е ако до сега за полно работно време треба да се работат минимум 20 НАСТАВНИ часа во неделата, со овој предлог Закон за полно работно време се предлага дека се доволни 10 наставни часа (тие што работат по новата концепција) Тоа значи дека за едно работно место наставник сега ќе се ангажираат по двајца нови наставници.

Наставниците се многу способни и верувам дека сите совршено добро ја работат својата работа, но наместо да ангажираат двајца, нека им се покачат платите и работата ќе биде завршена.

За нашите деца, за нашата иднина, нема ништо подобро од мотивиран наставник. Верував дека со парите од заемот, со оние 21,5 милиони евра за кој се задолживме во Светска Банка, условите ќе се подобрат. Но, нив ги снема како и многу други позајмени и не позајмени пари, ги снема од буџетот на државата, отидоа во нечиј џеб, тие се сегде само кај народот НЕ.“