Полицијата на МВР, на чие чело е неговиот сопартиец министерот Оливер Спасовски, и понатаму ќе го чува бившиот министер Венко Филипче, иако веќе не е на функцијата прв човек во здравство.

Како што објави Радио Лидер од свои извори во МВР, вчера Филипче поднел барање до МВР да продолжи со негово лично обезбедување и возач затоа што наводно имал закани по животот.

Нема детали за какви закани станува збор, но јасно е дека имал потреба и понатаму ќе биде обезбедуван на државна сметка.

Откако почна пандемијата со коронавирусот од СДСМ, партијата од која Филипче беше министер, излегуваа стрипувани „суперменски“ стории за неговата борба со вирусот, се закажуваа попладниња на тераси да се пее и велича министерот и…

Сега борбата ете стигнала до борба за полициско обезбедување на државна сметка на „народниот министер“.