Американскиот претседател Џо Бајден синоќа рече дека е убеден оти рускиот претседател Владимир Путин донел одлука да ја нападне Украина во наредната недела, но рече дека се уште се надева дека може да се постигне дипломатско решение, објави Радио Слободна Европа.
– Од овој момент, убеден сум дека тој ја донел одлуката за инвазија на Украина, рече Бајден на прес-конференција во Белата куќа на 18 февруари, откако претходно имал 45-минутната конференција со неговите европски колеги.
Тој разговарал со лидерите на Франција, Германија, Италија, Полска, Романија, Британија, со лидерите на ЕУ и НАТО, соопшти Белата куќа.
Зеленски оди на конференцијата во Минхен и покрај стравувањата од инвазија
Бајден рече дека државниот секретар Антони Блинкен ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 24 февруари во обид да се најде компромис што ќе спречи војна.
– Ако Русија преземе воена акција пред тој датум, тогаш би било јасно дека тие ѝ ја затвориле вратата на дипломатијата. Ако изберат војна ќе платат висока цена за тоа, рече Бајден.
Русија негира дека планира да ја нападне Украина и ги обвини САД за „хистерија“.