Среќен сум што се сретнав со Бугарите од РСМ, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков пред тамошните медиуми, коментирајќи ја средбата „со Бугарите од Македонија“.
-Среќен сум што се сретнав со Бугарите во РСМ. Она што го потврдив е дека нивните права се огромен приоритет за бугарската влада. Во исто време се договоривме дека е најдобро С. Македонија да ја видиме во ЕУ, тоа е нашата долгорочна стратегија, рече Петков.
Бугарскиот премиер додаде дека долгорочна цел е и „да се елиминира говорот на омраза и да се осигура дека соседот С. Македонија нема да остане без нејзините шанси да биде во ЕУ“.
Петков го коментираше и „отсекувањето“ на македонскиот премиер Димитар Ковачевски од заедничката фотографија со државниот секретар на САД Ентони Блинкен на Минхенската безбедносна конференција и рече дека на многу од снимките, кои се направени во Минхен се снимани со по неколку лидери на различни страни.
– Сите се обидуваат, и во Софија и во Скопје, со некои глупости да не извлечат од дијалошкиот и конструктивен тон. Нема да ги дозволам овие провокации. Затоа, во мојата следна објава на Фејсбук многу јасно кажав дека кој на која фотографија е нема никаква важност за нашата севкупна стратегија, рече Петков.
Тој објасни како дошло до тоа Ковачевски да биде исечен од заедничката фотографија.
– Ах тоа е многу интересно. На таа средба, не знам дали знаат луѓето каква е конференцијата во Минхен. Уникатно за неа е што сите лидери се затворени во една многу мала просторија и секој може да разговара со секој, кажа Петков.
Тој додава дека сите фотографии кои се направени на таа конференција се со 5-6 лидери на куп.
– Нашите меѓународни фактори и Франција и Англија и САД изјавија едно нешто и тоа треба да е јасно: Локалната корупција во сите страни на Бугарија е всушност проблем кој е и внатрешно политички. Да. И сега во мојата објава јас објавив фотографии на кои секаде беа со двајца, потоа вчера направив многу јасна објава за Ковачевски. Тоа кое се обидуваат да го направат и во РСМ и во Бугарија сите пробуваат со глупости да не тргнат настрана од разговорите, јас нема да подлегнам на овие провокации и затоа многу јасно кажувам во мојата следна објава, кој на каква фотографија е нема никакво значење. Знаете дека имам и ПР одбор кој се грижи за тоа, дообјасни Петков.