Партнерството и одличната соработка кои РС Македонија и САД ги негуваат со децении наназад уште еднаш ги потврдивме на денешната работна средба со амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мари Брнз, придружувана од Џоана Кецман, директор на ИНЛ при Амбасадата на САД, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Акцентот на средбата беше ставен на тековните проекти кои со поддршка на американската Амбасада се спроведуваат во МВР, континуитетот во заедничката соработка во борбата против тероризмот, компјутерскиот криминал и други форми на организиран криминал, со цел зајакнување на безбедноста на државата, објави Спасовски на официјалниот профил на Фејсбук.