Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска побара итен прекин на воените операции во Украина, а Министерството за надворешни работи ги повика полските граѓани да ја напуштат Украина веднаш откако Русија ја почна воената операција на истокот на таа земја.
-Повикувам да се запрат воените операции и Украина да биде оставена сама. Ќе направам се што поскоро да го запреме тоа што се случува во Украина, изјави Дуда по состанокот на полскиот Совет за национална безбедност.
Британските медиуми пренесуваат дека полското Министерство за надворешни работи истовремено препорача граѓаните да не патуваат во Украина
– Полските граѓани кои се во Украина треба веднаш да ја напуштат нејзината територија, се наведува во соопштението, пренесено од британските медиуми.
Портпаролот на полската Влада претходно изјави дека полските дипломатски претставништва во Украина ќе останат отворени што е можно подолго.