Рускиот Роскосмос нема повеќе да испорачува ракетни мотори или да учествува во заеднички проекти со Меѓународната вселенска станица, јавуваат руските медиуми.

Овие потези Роскосмос ги најави како одговор на санкциите кои Западот ги спроведе кон Русија поради војната во Украина.

Директорот на вселенската агенција Дмитри Рогозин изјави дека Русија ќе прекине да испорачува RD-181 ракетни мотори на САД и дека оние 24 што досега Соединетите држави ги поседуваат и користат, нема да бидат сервисирани од страна на руските експерти.

– Русија повеќе нема да ги испорачува на САД најсовремените ракетни мотори во светот. Од сега па натаму нека летаат кон вселената на нешто друго – на нивните метли, изјави првиот човек на Роскосмос за руските медиуми.

Освен санкциите кон САД, Дмитри Рогозин најави прекин на соработката во заедничките научни експерименти во Меѓународната вселенска станица. За повлекувањето била известена директорката на Германскиот центар за воздушен простор.

(М.П.)