Во областа Мала Преспа, на брегот на Преспанското Езеро во Албанија, деновиве биле пронајдени повеќе од 500 мртви пеликани, соопштија од Македонското еколошко друштво.
Причина за поморот, како што информираат од МЕД е птичјиот грип.
Пеликаните биле забележани при рутински мониторинг од нивната партнерска организација Преспанет.
Од МЕД велат дека за овој случај информирани се сите македонски релевантни институции, а вирусот е потврден и во Македонија во одделен случај.
Се апелира граѓаните да пријават доколку забележат слични случаи.