Заедно со началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска го посетивме полигонот за обука Криволак, соопшти министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
– Подготовките за најголемата вежба која оваа пролет ќе се одржи тука, “Swift response 22” се одвиваат во најдобар ред, исто како и проектите за развој на Криволак, објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.
Таа во прилогот објавува и галерија фотографии од нејзината денешна активност на воениот полигон Криволак.