Рускиот крајбрежен ракетен систем „Бастион“ ги уништил електронските разузнавачки центри на украинската армија во областа Одеса, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.
– „Бастион“ ги уништи разузнавачките центри во местата Велики Далњик и Великодолинское, истакна Конашенков.
Тој додаде дека руски борбен авион рано утринава уништил четири ракетни системи на противвоздушната одбрана на украинската војска, меѓу кои три системи С-300 и еден Бук-М1.
– Руската армија со помош на беспилотни летала во раните утрински часови гаѓаше 69 воени објекти, а меѓу целите беа и четири команди, вклучувајќи го и штабот на една бригада. Соборени се 12 украински беспилотни летала, посочи Конашенков.