Поминаа неколку часа од крајниот рок што Русија и го постави на Украина да се откаже од опколениот пристанишен град Мариупол, во кој, според наводите, 300.000 луѓе беа заробени со сè помали резерви на храна и вода.
Руската војска во понеделникот (21-ви март) ѝ даде на Украина до пет часа московско време (три часа по средноевропско време) да го објави предавањето на градот, ветувајќи дека за возврат ќе заштити два хуманитарни коридори за цивилите кои би можеле да го напуштат градот.
Украина го отфрли ултиматумот. „Не може да се зборува за никакво предавање, за полагање оружје“, рече вицепремиерот на земјата, пренесe „Украинска правда“.
Москва не прецизираше што ќе направат нејзините трупи кои го опкружуваат градот доколку ултиматумот за предавање биде отфрлен.