Ние се грижиме за народот, а опозицијата аздисува, сопшти денеска СДСМ, во чии раце е целата власт, буџетите, тендерите… Соопштение подолу го објавуваме во целост:
Со 400 милиони евра владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните и компаниите во време на глобална криза.
Од друга страна гледаме аздисување на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои секојдневно ги трошат општинските буџети за вдомување на партиски кадри по општините.
Само пет градоначалници годинава ќе потрошат над еден милион евра за партиски вработувања.
Наместо помош за граѓаните во време на криза градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се жалат дека немаат пари да платат ниту струја а трошат стотици илјади евра на скапи компјутери и телефони, на чоколади и сокови.
ВМРО-ДПМНЕ е симбол на расипништво.
Центар за односи со јавноста на СДСМ