Кина одлучи да ги ограничи визите за американските службеници како одговор на американските визни ограничувања за некои кинески функционери, објави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
САД ги ограничија визите за некои кинески функционери поради нивната вмешаност во репресивни акции против етничките и верските малцински групи во Кина, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно овој месец.
Во Кина, најнаселената земја во светот, има 56 различни етнички групи.