Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи изјави дека гледа позитивни промени во клубот за периодот во кој тој не беше дел од составот на „старата дама“.
Дефанзивецот ги напуштил „бјанконерите“ во 2016 година за да се пресели во Милано. Престојот во дресот на „росонерите“ сепак беше само една сезона и Бонучи се врати назад во Торино.
– Тренерот е во право, овој тим е многу позрел и тоа е главната разлика во споредба со пред една година. Во последните 18 месеци тимот направил голем чекор напред, што многу се гледа во натпреварите со „малите“ тимови, кои претходно често ни создаваа проблеми. Сега има одлични играчи, одличен тренер и Јуве е многу поедноставен. Секој кој стартува на теренот знае дека си го заслужил местото во сериозна конкуренција, а тоа нѐ прави уште посилни. Тоа е тајната на нашиот тим, рече Бонучи.
Денеска во 18 часот се игра големото дерби на „Алијанц“ стадионот помеѓу Јувентус и Наполи.