Морам да изразам задоволство што по 20 години конечно државата спроведе успешен попис. Бевме една од трите земји во светот што немавме попис. Сега го спроведивме според методологија одобрена од Евростат и беше пофален од претставникот на ЕУ за користењето на најсовремена техника, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Тој вечерва во емисијата „360 степени“ на Алсат М истакна дека пописот откри намалување на бројот на жители, поради што сите планови и пресметки ќе треба да се ревидираат и повика на отворање на дебата за креирање на политики за човечки капитал, поддршка на иновации и инвестиции за младите да останат тука.
-Пописот се спроведуваше во време на пандмија, каде што дел од граѓаните не можеа да отворат врата, дел беа на полињата за работа, а имаше и активна кампања за бојкот од Левица, но и скриен бојкот кој направи лоша услуга, пред се на Македонците во попишувањето, рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека не може луѓето кои го креираа тој проблем, сега да излегуваат со критики, откако токму тие своите симпатизери ги тераа да не се попишуваат.