Неочекувано прашање на прес-конференција доби бугарскиот премиер Кирил Петков. Македонец од Бугарија го праша Петков кога ќе се признаат Македонците во Бугарија?

Тоа прашање го доби кога Петков одговараше на прашања на новинарите. Тие, како што се слуша во видеото, го бркаат Македонецот „затоа што не бил за тука“.

Организациите на Македонците од Бугарија имаат бројни пресуди во Стразбур, но и покрај тоа Бугарија не ги спроведува пресудите.

Но затоа, пак, Бугарија во секоја прилика бара Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав.

Видеото може да го погледнете ТУКА.