Денеска од Србија во нашата земја тргаат пченицата и пченката, а следната недела очекувам и маслото за јадење, изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски за ТВ Сител.

– Особен фокус ставаме на производството на сончеглед и да ги мотивираме граѓаните со доплнителни мерки да ја произведуваат оваа култура. Покрај леб и брашно да имаме и масло постојано. И сите тука имаме одговорност. Имаме доволно залихи, лично се уверив во тоа. Денеска тргаат пченицата и пченката, а следната недела очекувам и маслото. Оваа недела Србија ја тргна забрната и тој процес започна, во секојдневна комуникација сум со српските власти, следната седница на владата во Србија ќе поминат некои одлуки и ќе обезедиме рафинирано и нерафинирано масло за јадење. Очекувам дека ќе се намалат одредени сировини, тие сега се поскапени, изјави Николовски во вестите на ТВ Сител.

Тој кажа дека „Владата го донесе планот за производство на храна“.

– Покрај планот мораме да се бориме за граѓаните да не се грижат, да нема паника и да обезбедиме доволни колични на стартешките култури. Еве, Србија донесе одлукла за 100.000 тони пченица, количината е доволно, бидејќи пред нас е сезоната на собирање пченица од домашното производство, изјави Николовски.