Тренерот на Милан, Стефано Пиоли зборуваше за трката за титулата во Серија А по ремито со Торино (0:0).
– Во последните две или три недели фаворитите се тие што грешат. Лигата е многу конкурентна, секој натпревар е тежок, ништо не може да се земе здраво за готово. Имаме млад тим, се бориме за нешто посебно, го цитира „ДАЗН“ Пиоли.
Милан води во Серија А, два бода повеќе од Интер, кој има натпревар помалку.
На третото место е Наполи со два бода заостанување зад „росо-нерите“.