Јавната обвинителката и шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска синоќа за подоцна вечерта најави голема истрага за „крупни ѕверки“, но до овој момент нема ништо од „спектаклот на Русковска“.

– Подоцна вечерва ќе има соопштение од страна на Обвинитеството за гонење на организиран криминал и корупција и јавноста ќе биде заинтересирана, рече Русковска.

Запрашана за кого се работи оваа нова истрага, таа не соопшти детали:

– Не можеме сега да откриеме затоа што може да предзвика … или нешто да ни се попречи во ова што сега го работиме, рече Русковска.

И покрај најавата, денеска се уште чекаме да слушнеме која е новата цел на Русковска, која најави дека отвориле постапка за пожарот во поранешната фабрика Треска, но белки не е тоа „спектакуларната најава“ на ТВ 21.

Што ја попречи Русковска да не си го одржи ветувањето, не е познато.