Македонија веќе не е толку чудесна, колку што е чудесна власта и посебно владејачкиот СДСМ, кој плива во криминал и криминални афери, а бара оставка од лидерот на опозицијата.
Тоа се случи и на денешната прес конференција на СДСМ. Искористени се монтираните политички судења и пресуди против поранешниот премиер Никола Груевски, за денеска владејачкиот СДСМ со „сиот свој кредибилитет“ во време кога нема ден без криминална афера, се ограбуваат и полициски магацини со оружје, во време на криминални афери на генерални секретари на нејзината Влада… бара оставка од политичкиот опоненет.
Во продолжение интегрално текстот од целата прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Пресудите за „Плацеви на Водно“ се уште една потврда на она што граѓаните, македонската јавност, сите, многу добро го знаат:
ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија!
Шефот на Мицкоски, избеганиот криминалец Никола Груевски, е осуден на 7 години затвор. Конфискуван му е имот затоа што незаконски го стекнал, перел пари, незаконски се богател преку криминални Белизе-шеми.
Овој докажан и потврден криминален срам за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е огромен.
Прво затоа што во периодот додека се правеле овие криминалии, во 2015 година, Мицкоски му бил советник на Никола Груевски. А потоа, Мицкоски станува и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Во предметот „Плацеви на Водно“, избеганиот Никола Груевски практично ја ограбил и ВМРО-ДПМНЕ.
Парите ги перел со Белизе шеми и други криминални начини за да купи плацеви од 11 илјади метри квадратни за себе на Водно.
Зошто Мицкоски молчи? Зошто се уште го брани криминалецот, неговиот шеф? Барем за парите од ВМРО-ДПМНЕ нешто да кажеше?
Или Груевски му е најаважен, тој му е над се?
Има бројни пресуди и признанија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ за криминал.
Ниту Мицкоски, ниту неговата партија не се оградија од криминалот, не им се извинија на граѓаните, не побараа одговорност.
Ниту еднаш.
Почитувани, на сите ни е јасно зошто е тоа така.
Единствената политичка агенда на Христијан Мицкоски сите овие години е како да ја кочи правдата, државата, за го одбрани криминалот на Никола Груевски.
Во оваа нереформирана партија нема никаква промена.
После сето ова, после овие пресуди и признанија за криминал од енормни размери нема друго, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка.
Во едно демократско општество, како и насекаде во демократскиот свет, не може политичари кои бранат криминал да добијат доверба од граѓаните.