Во новата кампања, хрватската кондиторска компанија Краш одлучи кај култните колачиња покрај името Домаќица (Домаќинка) да додаде и женски занимања, како адвокатка, менаџерка, правничка, програмерка итн.

Целта на компанијата е „да се осовремени“ производот и да се едуцираат младите генерации за важноста од правична поделба на домашните, но и општествените работи.

– Со нашата нова кампања целиме да ја подигнеме јавната свест за важноста и сложеноста на обврските во домаќинството кои жените најчесто ги преземаат и да ја подигнеме свеста дека грижата за домаќинството е заедничка работа на сите членови на домаќинството. Првиот чекор на кампањата е да ја ставиме ‘Домаќица’ на полиците во специјално издание, соопшти Краш.

Ова предизвика бурни реакции во јавноста и на социјалните мрежи. Со за и против. А реагираа и корисниците на социјалните мрежи со „македонски додатоци на Домаќица“ од актуелниот полички момент, поточно амбасадорскиот серијал за бившата министерка и градоначалничка од ДУИ, Теута Арифи.