Артилерија на руските вооружени сили во текот на ноќта уништи 32 украински командни пунктови, пет складишта за муниција, 403 упоришта и 61 парче опрема, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Тој истакна дека во ноќната операција убиени се и 600 националисти, како што ги нарекува украинските војници.

Министерството за одбрана на Русија, исто така, соопшти дека нивни проектили уништиле авионска опрема на аеродромот Канатово во централниот украински регион Кировохрад и големо складиште за муниција во јужниот град Миколаев.