Украина ги гранатираше руските белгородски села Журавлевка и Нехотејевка. Нема жртви, објави гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков на Телеграм.

– Во Нехотејевка се уништени куќи и гаражи. Нема жртви меѓу цивилното население. Гранатирањето продолжува, додаде Гладков.

Белгородската област се граничи со Украина, северно од Харков.