Во германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија денеска се одржуваат парламентарни избори и се очекува тесна трка меѓу конзервативците, кои се на власт и Социјалдемократската партија (СПД).
Се избира 18. состав на Парламентот, а изборите во Северна Рајна Вестфалија се нарекуваат „мали федерални избори“, бидејќи е најнаселената германска покраина со повеќе од 18 милиони жители и над 13 милиони гласачи.
Во изминатите пет години, Христијанско демократска унија (ЦДУ) беше на власт во коалиција со Либерално-демократската партија (ФДП).
Анкетите покажуваат дека СПД, предводена од Томас Кутчати, претставува сериозен предизвик за Владата на актуелниот демохристијански премиер Хендрик Вуст.