Ова е политичка одлука и нема врска со вистината. Како може да се признае една црква без народ. Народот не е охридски, туку македонски. Да, црквата е Охридска архиепископија, ама таа црква припаѓа на македонскиот народ. Цариградскиот патријарх во овој случај одлучил како политичар, а не како црковен човек, вели архимандриот Никодим Царкњас од Грција во својата реакција по одлуката на Вселенската патријашрија од 9 мај.
„Најголем срам ќе биде ако македонската црква ја прифати оваа одлука. Апелирам ова да не се прифати. Толку години чекавме, ќе чекаме уште. За ова е виновен архиепископот Стефан. Народот е македонски, а историското име на црквата е Охридска архиепископија. Не може мајката да биде ќерка ни на српската, ниту на бугарската црква. Треба да се издржи, ќе пројде и руско-украинскиот проблем и се ќе си дојде на ред. Трпение – спасение. Името Македонија да не се дава“, се вели во видео обраќањето на архимандритот Царкњас, кој е свештено лице на МПЦ-ОА, а како таков не е признат во Грција.