Српската полиција во соработка со Обвинителството за организиран криминал идентификуваа вкупно 19 електронски адреси – 18 адреси на ЏиМаил (Gmail) и една е-пошта на ПротонМаил (ProtonMail), од каде се испратени заканувачките пораки за поставени бомби на различни локации во Србија.
Утврдено е дека осум такви закани пристигнале од Полска, четири од Гамбија, по две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и од Русија.
Припадниците на српската полиција идентификувале и лице, кое во текот на вчерашниот ден, телефонски упатило закани со иста содржина, јавија српските медиуми.