Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека пред состанокот на Европскиот совет предвиден за идниот месец ќе отпатува за Западен Балкан, за да ја пренесе пораката дека иднината на регионот е во Европската унија.

Шолц пред пратениците во Бундестагот потсети дека шест земји од Западен Балкан имаат аспирации за членство во ЕУ и тоа веќе се во повеќегодишен реформски процес.

– Почитувањето на нашите обврски кон нив не е само прашање на нашиот кредибилитет. Денес, повеќе од кога било, нивната интеграција е и во наши стратешки интереси, рече Шолц укажувајќи на влијанието на надворешни сили врз регионот, вклучително и Русија.