Претседателот на социјалдемократската младина на Македонија, Марко Михаилоски и портпарката на СДСМ, Богданка Кузеска, учествуваат во програмата за размена на политички лидери подржана од Амбасадата на САД во Македонија и имплементирана од Американскиот Совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders).
Ова го соопшти СДСМ, а во продолжение целото соопштение.
Програмата значително ги продлабочува добрите односи на С. Македонија со САД.
Во фокусот на програмата е улогата на жените во политиката, доброто владеење, унапредување на правосудниот систем и работата на политичките партии.
Програмата нуди одлична можност за размена на искуства помеѓу двете земји.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ