Министерството за транспорт на САД ги укина санкциите за воздушниот сообраќај со Куба, мерка што ја објави администрацијата на Бајден во мај како знак за намалување на меѓусебните тензии.
Одлуката ќе им овозможи на американските авиокомпании да одржуваат авионски врски и со други аеродроми на Куба, не само со оној во Хавана. Планирано е и повторно одобрување на некои групни патувања на островот.
Покрај воздушниот сообраќај, американските власти имаат намера да ја обноват програмата суспендирана пред неколку години што го олесни процесот на имиграција за членовите на исто семејство. Истовремено најавено е и зголемување на капацитетот за решавање на барањата за визи на Кубанците.
САД, исто така, ќе го укинат лимитот од илјада долари што можеше да се испраќа на сметки на жители на куба еднаш на три месеци, како и дозвола за транфер на пари и за лица што не се членови на семејство.
Ограничувањето го воведе поранешниот претседател Доналд Трамп, кој во својот мандат донесе низа мерки против Куба.
Мерките објавени на 16 мај беа поздравени од кубанската Влада, нарекувајќи ги мал чекор во вистинската насока, но со ограничен опсег.