Украина „де факто“ е членка на ЕУ, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски при неговото видеообраќање во Парламентот на Луксембург.

– Јас верувам дека со своите постапки, Украина веќе покажува дека ги исполнува европските критериуми, рече Зеленски.

Без да го спомне по име рускиот претседател Владимир Путин, Зеленски побара да „се запре оваа индивидуа од уништување на европските вредности“.

– Доколку не успееме заедно да го запреме овој човек, тогаш овие часови се темни часови што веќе ги доживеавме во Втората светска војна, рече Зеленски.

Тој повика за натамошни санкции на ЕУ против Русија и за испорака на „повеќе оружје, модерно оружје“.

Видеото може да го отворите ТУКА.