Повеќето странски платеници во Украина се елиминирани, изјави потрпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

– Стотици платеници во Украина беа елиминирани со проектили со голем дострел веднаш штом пристигнаа на воените полигони и единици за обука. Сепак, повеќето од нив беа елиминирани во борба. Команданти на единиците на вооружените сили на Украина и Националната гарда, во чии состав имаше платеници, во обид да ги намалат загубите на својата армија, не ги штедеа странците, изјави Конашенков.

Тој додаде дека бројот на странски платеници во Донбас е намален од 6.600 на 3.500 луѓе, а приливот на странски платеници во Украина практично престанал од почетокот на мај.

Конашенков додаде дека руските воздушни-вселенски сили, во последните 24 часа погодиле 21 позиција на украинската армија, вклучувајќи ги командните центри на баталјоните Кракен и Азов во областа Харков.