Претседателот на Србија, Александар Вучиќ низјави дека ситуацијата околу најавената посета на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на Белград станува се покомплицирана. Некои медиуми објавија информација дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров треба да ја посети Србија на 7 јуни, но се уште нема официјална потврда.
Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не е подготвен да даде повеќе детали.
„Се комплицира, дефинитивно станува искомплицирано, сè уште не сум подготвен да зборувам за тоа, но да – станува комплицирано, прашање е како ќе дојде, ќе видиме“, додаде Вучиќ.
Три дена подоцна, на 10 јуни, во Србија треба да дојде германскиот канцелар Олаф Шолц. На прашањето „дали би било лоша вест“ доколку германскиот канцелар не дојде во Белград, Вучиќ одговори потврдно.
„Секогаш постои можност, но се надевам дека тоа нема да се случи, но ќе видиме, прво ќе видиме дали Лавров ќе дојде и ќе видиме“, рече тој.