Судечкиот совет во предметот „Талир 2” го прогласи за виновен поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и го осуди на казна затвор од шест години за кривичното дело злоупотреба на службена должност. За виновен е прогласен и Кирил Божиновски, кого судот го осуди на две години условна казна.
Воедно, судот го прифати и предлогот на обвинителство и го конфискуваше седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и повеќе партиски штабови низ државата.
Судењето го води судијката Даниела Алексовска Стојаноска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.
Груевски и Божиновски беа обвинети за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.
Иако во случајот нем аоштетени, па и самиот Минчо Јораднов во име на ГП Бетон изјави дека нема ништо спорно во случајот, судот, како вчера најави самиот Груевски, го осуди екс премиерот, а го конфиксува седиштето на партија, што и дава класична политикча димензија на пресудата.
Пресудата е првостепена, а одбраната има право на жалба.