Од СДСМ се огласија по повод ситуацијата на Рама и Ковачевски за време на самитот во Солун. При поздравот на канцеларот Шолц со Ковачевски, Рама од позадина дофрлуваше дека тоа е премиерот на „идната Западна Бугарија“.
Од СДСМ велат дека иронијата и сарказамот на Рама се познати, но никогаш не биле насочени кон нашата земја.
„Неговиот сарказам и иронија се јавни и познати, но, не се и никогаш не биле насочени кон нашата земја, напротив.
И за време на Самитот на Опен Балкан и претходно, Рама е иронечен за блокадата на Бугарија за нашата земја, којашто ја блокира и Албанија.
Ставовите на премиерот Ковачевски во однос на блокадата на Бугарија, за нашите позиции и во однос на ЕУ, се добро познати на јавноста“, се вели во соопштението на СДСМ.